Реал Мадрид славеше голема победа од 3:2 на гостувањето кај АЕК во Атина, во четвртото коло од лигашката фаза во Лигата на шампионите. Натпреварот донесе пресврти, атрактивни погодоци и драматична завршница, во која Федерико Валверде се претвори во херој на мадриѓаните.
АЕК и Реал Мадрид одиграа извонреден натпревар на стадионот „Аја Софија“ во Атина, пресметката од четвртото коло на Лигата на шампионите заврши со 2:3 (1:1) по пресвртот на гостите од шпанската престолнина. Избраниците на српскиот тренер Марко Николиќ поведоа во 12-тата минута ...
АЕК дојде до изненадувачка предност против големиот Реал Мадрид во раната фаза од мечот со одличниот гол кој го постигна Коита, но аутсајдерот сепак не успеа да го задржи водството до полувреме, а причина за тоа беше Џуд Белингам.