Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го потпиша Указот за распуштање на српскиот Парламент и одлуката за распишување вонредни парламентарни избори на 25 октомври. Во Указот се наведува дека се распушта Собранието на Србија избрано на 17 декември 2023 година.
Српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати до јавноста од Палатата на Србија, каде што рече дека донел одлука за распуштање на Народното собрание на Република Србија и одржување предвремени парламентарни избори.
Во своето обраќање до граѓаните, претседателот на Србија зборуваше за меѓународната и домашната политичка ситуација, наведувајќи дека Србија се соочува со важни одлуки во време на големи промени и конфликти низ целиот свет.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека утре точно во 12 часот ќе ги објави своите одлуки за распуштање на Народното собрание и распишување предвремени избори. Тој, исто така, потврди дека изборите ќе се одржат на 25 октомври, објавува „Н1“.
Владата на Србија денеска усвои предлог за распуштање на Народното собрание и го достави до претседателот на Републиката, со барање да се распишат предвремени парламентарни избори. Премиерот на Србија, Ѓуро Мацут, во образложението на одлуката посочи дека по парламентарните ...