Шкендија продолжува со максимален ефект во новата сезона на Првата македонска фудбалска лига. Тимот од Тетово славеше со 0-2 на гостувањето кај Силекс во рамките на петтото коло и стигна до петта победа во исто толку натпревари.
Петтото коло во Првата македонска фудбалска лига ќе го одбележи денешното дерби во Кратово каде Шкендија Тетово му гостува на Силекс. Шкендија вчера одбележаа 47-годишнина од своето постоење, и ќе сакаат роденденот да го прослават со петта победа во петтиот настап сезонава.
Шкендија има цел да ја продолжи победничката серија во домашниот фудбал, како единствен тим со максимални четири победи во исто толку одиграни кола. Во петтата рунда од Првата лига, пред тетовци е гостувањето кај Силекс, кој ќе се обиде да го сопре налетот на „црвено-црните“ во ...