Една членка на групата „Грција инфо“ (Grčka info) на социјалната мрежа Фејсбук сподели искуство од летување во Грција, со цел да ги предупреди и другите туристи на опасноста што ја носи една многу распространета украсна билка.
Она што требало да биде романтичен момент за еден млад пар од Србија, за малку се претворило во сериозна здравствена драма за време на нивниот одмор во Грција. Според нивното сведоштво, момчето сакало да ѝ подари цвет на својата девојка.
Во многу домови и градини има многу убави растенија, но малкумина знаат колку опасни и токсични можат да бидат некои од нив. Генерално ги поврзуваме цвеќињата со убавина и декорација, но некои растенија кријат сериозна опасност.