Каматите на кредитите продолжуваат да се намалуваат, додека банките нудат повисоки стапки за новите депозити. Народната банка ги објави најновите податоци за движењата кај каматните стапки на банките и штедилниците во јуни.
Просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишна основа бележи намалување од 0,03 п.п., при што во јуни таа изнесува 2,17%, а просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,36 п.п. и изнесува 4,67%, соопшти Народната банка.
Советот на Народната банка го усвои Кварталниот извештај, според кој најновите макроекономски показатели главно се движат во согласност со априлските проекции. Во Извештајот се наведува дека надворешната позиција на земјава е стабилна, а девизните резерви се одржуваат на ...