Офанзивата на ј еменските х ути стигна до стратешкиот остров Перим во теснецот Баб ел-Мандеб, соопштија четири извори од јеменската влада, со што тие ја зацврстуваат контролата врз оваа витална поморска рута, додека војната на Блискиот Исток се проширува.
Јеменските Хути, поддржани од Иран, го презедоа стратешкиот остров Перим, познат и како Мајун, на влезот во теснецот Баб ел-Мандеб, како и крајбрежниот град Дубаб, објави „ Ројтерс “, повикувајќи се на извори од јеменската влада.
Борбите во Јемен повторно нагло ескалираа, достигнувајќи ниво какво што не е забележано од примирјето постигнато во април 2022 година. Новиот бран судири отвора дополнителен фронт во веќе нестабилниот регион и го зголемува ризикот од поширока воена ескалација.
Со заземањето на Мока, сојузниците на Иран, Хутите, би можеле посистематски да го напаѓаат и блокираат бродскиот сообраќај во Црвеното Море. Саудиска Арабија изврши два воздушни напади врз аеродромот во јеменскиот град Мока, кој од вчера е под контрола на бунтовниците Хути.