Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштањето во употреба на детската градинка „Кокиче“ во Трубарево, во Општина Гази Баба. Од Владата информираат дека по настанот Мицкоски ќе даде изјава за медиумите.
Утре ќе се отворат вратите на новата градинка во Трубарево, која ќе го носи името „Кокиче“, објави на „Фејсбук“ градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. – Најмладите ќе добијат современ и безбеден простор за раст, игра и учење.