Во изминатото деноноќие Министерството за внатрешни работи евидентирало седум случаи на семејно насилство низ државата, при што четири лица биле лишени од слобода, а за останатите случаи се преземаат мерки за нивно расчистување.
Во текот на изминатото деноноќие полицијата лиши од слобда пет лица и со тројца извршен службен разговор во вкупно девет пријави за семејно насилство во Скопје, Куманово, Тетово, Велес и Штип информираат од Министерството за внатрешни работи.
Повеќе физички напади, закани и пресметки се случиле вчера, меѓу кои и случај во Шуто Оризари, каде што деца биле повредени со остар предмет. Полицијата постапувала по пријави за напади во Центар, Карпош, Драчево, Ѓорче Петров, Амзабегово и кај Бит-пазар.