Ноќта го претвори туристичкиот Омиш од летна разгледница во зона на евакуација. Огнот се спушташе кон куќите, силната бура разнесуваше жар на сите страни, автомобили и објекти гореа покрај Јадранската магистрала, а дел од жителите и туристите спас бараа кон морето.
Големиот пожар кој вчера вечерта избувна во Хрватска кај Локва Рогозница се прошири и на самиот Омиш и создаде исклучително тешка ситуација на терен. Пожарот стигна до куќите, стотици луѓе се евакуирани, а десет од нив се повредени.
Ситуацијата на Халкидики се подобри по големиот шумски пожар во Сивири, каде што огнот се прошири од земјоделско и шумско земјиште во станбена област. Локалните жители пријавија штет и на домови и возила, откако силните ветрови г о разгоруваа пламе нот , а густиот чад се ширеше ...
Во моментов има околу 1.500 евакуирани лица во приемниот центар во спортската сала „Рибњак“ во Омиш, изјави за Хрватското радио Ана Стејскал, директорка на Црвениот крст на Омиш, пренесе Индекс.хр. Според неа, до полноќ биле регистрирани повеќе од 2.000 лица, но некои од нив ...