Податоците од Државниот завод за статистика укажуваат на забавување на инфлацијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Инфлацијата во јули изнесува 2,3 проценти на годишно ниво што покажува тренд на намалување. Во јули стапката на инфлација во Македонија е под просекот на еврозоната во која ...
Нема потреба од нови мерки за зауздување на цените на храната- категорични се од Министерството за економија, откако Државниот завод за статистика излезе со податок дека годишната инфлација во јули е 2,3 проценти во однос на јули лани, а 0,1 процент во однос на претходниот месец.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оцени дека најновите податоци за инфлацијата се потврда дека економските политики што ги спроведува Владата даваат резултати и придонесуваат за стабилизирање на економските текови.