Премиерот Христијан Мицкоски изрази благодарност до Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ за донацијата на медицинска опрема на болницата „8 Септември“, оценувајќи ја како значаен придонес за македонското здравство и пример за општествена одговорност.
Министерот за здравство, Азир Алиу и заменик министерот Јовица Андовски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски денес ја посетија ГОБ „8 Септември“, каде беше направен увид на новата хипербарна комора.
На Одделот за физикална медицина и рехабилитација во ГОБ „8 Септември“ во Скопје наскоро ќе биде во функција хипербарна комора за лекување на пациенти со хронични рани, дијабетично стопало, изгореници, но и спортисти.