Во нашето образование транзицијата се случува директно: од 5. во 6. одделение (премин од одделенска во предметна настава) и од 9. одделение во прва година средно (премин во ново училиште). Овие две преодни години се клучни моменти кога детето прави голем скок во зрелоста.
Почетокот на првото одделение претставува голема промена во животот на детето. Новата средина, училишните правила, обврските и очекувањата носат многу нови искуства. Затоа, подготовката за училиште не треба да се сведува само на тоа дали детето ги препознава буквите и броевите.