TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Стоп за „Усје“ обвинува дека Титан бара продолжување на работата по застарени стандарди за животна средина

Радио МОФ - пред: 3 часа

Граѓански организации обвинија дека цементарницата Усје бара продолжување на работата според гранични вредности за загадување утврдени во 2007 година, наместо усогласување со европските стандарди и најдобрите достапни техники за намалување на емисиите.

Стоп за Усје: Цементарница бара да работи по стандарди од 2007 година, дојди на марш на 23 јуни

Слободен Печат - пред: 8 часа

Според иницијативата, во барањето на компанијата не се предвидени конкретни мерки за намалување на емисиите на загадувачки материи, а предлозите доставени од граѓанските организации не биле земени предвид. Оттаму оценуваат дека со ваквиот пристап „Усје“ практично бара да ...

Иницијативата „Стоп за Усје“ со повик за протест: Цементарница Титан Усје бара да продолжи да нè труе по застарени стандарди од 2007 година

Антропол - пред: 9 часа

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ обвини дека цементарницата „Усје“ бара продолжување на работењето според застарени стандарди за загадување, наместо усогласување со современите европски норми и најдобрите достапни техники за заштита на животната средина.