Македонската сениорска репрезентација денеска (16 часот) ќе го одигра последниот натпревар од првата фаза на претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029. Во „Националниот центар за спорт и култура“ во Луксембург, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал ќе се соочат ...
Македонската сениорска репрезентација го одработи официјалниот тренинг во салата „Национален центар за спорт и култура“ во Луксембург, каде утре (16.00 часот) ќе се одигра натпреварот од шестото и последно коло од претквалификациската група „А“ за пласман на Евробаскетот 2029.
Македонија ја исполни примарната цел во претквалификациите, но во националниот тим нема простор за опуштање. Тоа го потврди и Стојан Ѓуроски, кој по победата над Ирска порача дека репрезентацијата ќе остане максимално мотивирана и на гостувањето во Луксембург.
Кошаркарската репрезентација на Македонија веќе е во Луксембург, каде попладнево ќе го одржи и првиот тренинг пред утрешниот натпревар против домашната селекција. Тоа ќе биде последен дуел во првата фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2029.