Откако беше елиминиранa од Светското првенство, се поизвесно е дека хрватската фудбалска репрезентација ќе добие нов селектор. Златко Далиќ ја заврши својата ера на клупата на „коцкестите“, а Хрватската фудбалска федерација наскоро ќе започне со потрага по негов наследник.
Хрватската фудбалска репрезентација го заврши својот настап на Светското првенство. Во инфаркт натпревар од 1/16 финалето, Хрватска беше поразена од Португалија со резултат 1:2, што остави горчлив вкус по сè што се случи во последните моменти од натпреварот.
Хрватска го заврши настапот на Мундијалот со пораз од Португалија од 2:1 во еден од најдобрите натпревари пред сè второто полувреме. Хрватската репрезентација поведе со голот на Иван Перишиќ, но Португалија направи пресврт.