Македонската кадетска репрезентација запиша три победи во низа на Европското првенство. Третата победа на шампионатот кој се одржува во Белград за нашите надежи значеше заверка на билет за Светското првенство следната година.
Кадетската машка репрезентација на Македонија за ракометари до 18 години, денеска игра нов натпревар на Европскиот шампионат. Македонските кадети веќе изборија место меѓу 16-те најдобри на првенството, а со тоа и повторно учество во елитната европска конкуренција.
Машката репрезентација на Македонија за ракометари до 18 години, предводена од селекторот Горан Кузмановски, обезбеди пласман меѓу најдобрите 16 на Европското првенство (ЕП) во Белград (Србија) и денеска ќе ги продолжи натпреварите за пласман од деветтото до 16. место.
Продолжија натпреварите на јуниорското Европско првенство за ракометари до 18 години чиј домаќин е Белград. Македонска селекција по трите порази во првата групна рунда, сега врза две победи во разигрување за пласман од 17 до 24 место.