Утре 11.10.2026 година (недела) со почеток во 12:00 часот по повод одбележување на 85-годишнината од народното востание и празникот 11 Октомври – Денот на народното востание ќе се одржи Свечена академија на Спомен костурницата во Куманово под слоганот „Идеали што градат иднина”.
Владиниот врв предводен од премиерот Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на Спомен Костурница во Куманово на чествувањето на Денот на народното востание. Како што информираат денеска од Владата, во 12 часот ќе се одржи Свечена академија под слоганот „Идеали што градат иднина“ ...