Жешка политичка есен се очекува во Уставниот суд , откако висок владин функционер за ТВ 24 најавува дека планот е уште во септември Собранието да ја почне постапката за избор на нов уставен судија по оставката на Гоце Наумовски, со што судот би бил конечно комплетен.
Уставниот суд се подготвува за политички и правно исклучително чувствителна есен. По оставката на судијата Гоце Наумовски, уште во септември се очекува Собранието да ја отвори постапката за избор на негов наследник, со што Судот повторно би одлучувал во полн состав.