Првиот човек на СДСМ, Венко Филипче, соопшти дека партијата на локалните избори победила во три општини во првиот круг – Крива Паланка, Кривогаштани и Богданци. Изборниот ден го оцени како мирен, со одредени забелешки кои ќе бидат поднеени со ОБСЕ и ...
Дополнително, од приближно 70% обработени гласови водиме во уште девет општини – Центар, Пробиштип, Чучер Сандево, Чешиново, Валандово, Конче, Крушево, Лозово и Росоман, каде ќе има втор круг, изјави лидерот на СДСМ.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче вечерва на прес-конференција од партиското седиште изјави дека СДСМ во првиот круг од локалните избори победил во три општини, а води уште во девет. Тој ги повика граѓаните за помасовна излезност во вториот круг.
Лидерот на СДСМ рече дека не е постигнат посакуваниот изборен резултат, но, како што вели, резултатот не е лош со оглед на околностите. Рече дека во добар дел од општините СДСМ има зголемување на бројот на гласови во однос на ланските избори ...