TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Грција воведе ред на плажите/ФОТО

Вечер Прес - пред: 6 часа

Општина Полигирос на Халкидики рано утрово спроведе операција за отстранување на фиксирани чадори и лежалки кои зафаќаа делови од брегот и го ограничуваа слободниот пристап за капачите. Општинските работници, во присуство на заменик-градоначалникот на Полигирос Василис ...

КРАЈ ЗА ЗАКЛУЧЕНИТЕ ЛЕЖАЛКИ НА ХАЛКИДИКИ Општината испрати багер за да ја расчисти плажа

+инфо - пред: 6 часа

Општината претходно ги повикала граѓаните и туристите сами да ја отстранат опремата, но бидејќи дел од нив не постапиле, интервенирале општинските служби со камион, теренски возила и багер. Околу 100 чадори и лежалки, нелегално поставени, фиксирани и заклучени на плажата ...

Строги правила на Халкидики: Нема повеќе „резервирање“ место на плажа

Скопје1 - пред: 10 часа

Општина Касандра на Халкидики започна засилени контроли и отстранување на плажната опрема што туристите ја оставаат преку ноќ со цел однапред да „резервираат“ место за следниот ден. Мерката ги опфаќа пешкирите, асурите, приватните лежалки и чадорите оставени на јавниот дел од ...

Србите се шокираа кога ГРЦИТЕ ЈА ИСЧИСТИЈА ПЛАЖАТА ОД НИВНАТА “РЕЗЕРВАЦИЈА“

Вечер - пред: 5 часа

Општината Касандра на Халкидики започна масовна кампања за чистење на плажите од оставени крпи, чадори за плажа, приватни лежалки и чадори за сонце “да чуваат место за утре“, за што особено се предупредуваат туристите од Србија. Оваа ригорозна мерка се спроведува без исклучок.

Од плажа на Халкидики отстранети околу 100 нелегално поставени лежалки и чадори

Независен - пред: 4 часа

Атина – Околу 100 чадори и лежалки, нелегално поставени, фиксирани и заклучени на плажата Геракини помеѓу првиот и вториот крак на Халкидики, утрово во акција на општина Полигирос биле отстранети и пренесени во погон за рециклирање, јави дописничката на МИА од Атина.