Тамара Тодевска направи хуман гест кој ги допре срцата на многумина. Таа беше дел од големото роденденско изненадување за Леон , момчето со аутизам чија животна приказна пред неколку месеци беше споделена на социјалните мрежи и допре до многу луѓе.
Тон емоции ќе ви ги наполнат очите со солзи – вчера во Градски парк се одржа јавен инклузивен роденден за Леон од Скопје, момче со аутизам, на кое пред 3 години никој не му дојде на прославата, а сега имаше роденден од соништата, со куп деца, балони, маскоти и Тамара Тодевска и ...
Градскиот парк во Скопје вчера беше место на вистинска солидарност, емпатија и топлина. На познатата локација Школка, младиот Леон, кој наполни 13 години, го одржа својот отворен инклузивен роденден, на кој присуствуваа бројни граѓани, пријатели и поддржувачи.
Пред три години, на неговиот роденден, Леон ја доживеа една од најтажните слики што едно дете може да ги види – празно место на забавата на која биле поканети неговите другарчиња. Денес, сликата е сосема поинаква.
Цело Скопје славеше со малиот Леон Роденденот на момчето со аутизам прерасна во Ден на инклузијата! По 10 години помината самотија и празнувања со празни столчиња, 13-тиот роденден на малиот Леон Апостоловски од Скопје прерасна во величествен настан кој ја обедини целата јавност.
ИНКЛУЗИВЕН РОДЕНДЕН ШТО ГИ РАЗНЕЖИ СКОПЈАНИ Еден невообичаен настан во Градскиот парк никого не остави рамнодушен и без солзи. Но, овој пат солзи радосници. Леон, на чиј роденден пред неколку години не дојде никој, сега беше опкружен со многу луѓе, деца, но и со многу музички ...