Безживотното тело на маж било извлечено за време на спасувачката акција во југоисточниот дел на Кипар, откако поради силното невреме три чамци се насукале на карпи, а спасени се пет лица, од кои двајца се повредени, јави дописничката на МИА од Атина.
Силно невреме го погоди Кипар, предизвикувајќи проблеми во воздушниот сообраќај, поплавени улици и материјална штета во повеќе делови од островот. Поради лошите временски услови, 11 авиони биле пренасочени кон други аеродроми, откако слетувањето било оценето како небезбедно.
Еден повреден од удар на гром, поплавени улици, пренасочени 11 летови, прекини во снабдувањето со електрична енергија, но и материјална штета остави зад себе невремето што денеска зафати делови на Кипар, а температурата се намали за 10 степени споредбено со вчера, јави ...