Од историја до европска иднина, од мочуриште и талог – како што ги нарекува своите противници, до амбиции и големи цели, од извоз, економски раст до просечна плата и стандард на живот… Сето ова беа дел од темите за кои зборуваше премиерот Христијан Мицкоски на Свечена академија ...
Доста беше со поделби. Доста беше со изгубени можности и мали амбиции. Време е за големи одлуки. Време е за нова национална самодоверба. Државата е создадена да ги победи сиромаштијата, корупцијата, неправдата, поделбите и иселувањето – порача Мицкоски во Куманово.
„Секој ден легнувам и станувам со прашањето дали успеваме и дали можеме подобро“, изјави премиерот Христијан Мицкоски, говорејќи за предизвиците со кои се соочува Владата, состојбата во државата и очекувањата на граѓаните, за време на чествувањето на 11 Октомври.
Би дал сè за да го решам секое прашање и мака на народот. И сигурен сум дека може повеќе, но исто така сигурен сум дека успеваме и го даваме последниот атом од силата да направиме многу повеќе, да донесеме ред во безредието, да донесеме реформи во хаосот кој го затекнавме, да ...