Денеска во Битола министерот за култура Зоран Љутков направи обикола на неколку национални установи кои работат под негова надлежност. Најпрвин направи увид во рекоснтрукцијата на поранешното кино Партизан, а потоа се пофали со ланските проекти на Завод и Музеј.
Министерството за култура и туризам продолжува со инвестициите во културната инфраструктура и заштитата на културното наследство во Битола, со цел градот дополнително да го зацврсти својот статус на еден од најзначајните културни центри во државата.
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска ќе престојува во работна посета на Битола, каде што ќе оствари средба со раководството на Општина Битола и ќе направи увид во тековните градежни активности во киното „Партизан“.