Тимот од Севиља пред три дена го победи Порто со 3-2 во Лигата на шампионите, а следната среда го очекува нов европски предизвик против Феенорд. Поради густиот распоред, тренерот Мануел Пелегрини наводно планира да одмори дел од стандардните првотимци против Барселона.
Бетис вечерва ќе ја пречека Барселона во деветтото коло од Ла Лига, а натпреварот предизвикува големо внимание кај навивачите на Реал Мадрид. Причината е одлуката на домаќините значително да го променат составот, што не наиде на позитивни реакции во Мадрид.