Водата од водоводната мрежа во Гостивар во моментов е неисправна и за пиење и за техничка употреба, покажале анализите на Институтот за јавно здравје, поради што надлежните институции апелираат граѓаните да не ја користат до понатамошно известување.
Колку редовно се испитувала водата од гостиварскиот водовод, дали навремено биле предупредени и алармирани граѓаните на Гостивар за зголемениот број на вирусни заболувања. Прашања кои треба да дадат одговори дали општинските власти и здравствените установи можеле да го спречат ...
Рацин - Рацин - Слободен Печат
На седница на Кризниот штаб со која претседавал министерот за внатрешни работи, а присуствувал и директорот на ЦУК-донеле заклучоци и мерки за состојбата во Гостивар. Односно, Армијата на Македонија ги става во приправност двете цистерни за дистрибуција на техничка вода, кои ќе ...
Нова Македонија - +инфо - Либертас - Вечер
Донесената забрана за користење на водата од гостиварскиот водовод за пиење и за подготвување храна останува во сила сѐ додека со лабораториски анализи не се потврди нејзината безбедност, истакна вчера директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов, ...
Вечер Прес - Економија и Бизнис - Вечер - Независен - ТВ21 - Журнал
В.д. директорката на јавното претпријатие за комунална дејност ЈП „Комуналец“ Гостивар, од вчера е во притвор, откако заедно со уште двајца раководители во претпријатието – В.Д., шеф на „Водовод и канализација“ и Л.Н.
Вечер Прес - +инфо - Скопско Ехо - Прва Скопска - Сакам да кажам
Нелегалниот приклучок поставен во системот за водоснабдување во Гостивар, кој се истражува во рамки на случајот со загадувањето на водата за пиење, не се наоѓал во санитарно-заштитните зони и не бил опфатен со важечката дозвола издадена од Министерството за животна средина и ...
Освен домаќинствата, епидемијата која го зафати градот поради неисправната вода за пиење ги погодува и бизнисите За некој кој ретко оди во Гостивар, градот функционира со вообиачен ритам. За некој кој знае како изгледа во лето, кога иселениците се вратени дома Гостивар е празен ...
Со лисици на рацете излезе од судот. Придружувана од полициски службеници, директорката на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, Артана Асани, им порача на своите блиски дека е добро. „Добро сум, добро сум“, рече Артана Асани.
Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истрага и побара триесетдневен притвор за директорката на гостиварското јавното претпријатие „Комуналец“ и двајца раководители на сектори, кои се сомничат за тешки дела против животната средина и природата, беше соопштено на ...
Основното јавно обвинителство во Гостивар ја прошири правната квалификација на истрагата за загадувањето на водоснабдителниот систем. Осомничените, покрај за злоупотреби во работењето, ќе одговараат и за тешки кривични дела против животната средина.
Колегиум - Скопје инфо - 4NEWS - еМагазин - 24Инфо - Макфакс
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска заедно со Директорката на инспекторатот за животна средина (ДИЖС) Ивана Гиновска и Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов, одржаа прес-конференција во врска со наодите од ...
На денешниот брифинг во Основното јавно обвинителство Гостивар, на кој присуствуваше и републичкиот јавен обвинител, Ненад Савески, во тој контекст беше кажано дека истрагата е во почетна фаза и допрва треба да се утврди причинско-последичната врска меѓу епидемиолошката состојба ...
Фокус - ПРВ.мк - Проверено - Агротим - Економија и Бизнис - Бриф
Водата од гостиварскиот водовод не смее да се користи ниту за пиење ниту за подготовка на храна сè додека не бидат готови лабораториските анализи и не се потврди нејзината безбедност, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов.
Според првичните информации кои ги соопшти директорката на ДИЖС, спорното зафаќање на вода во Гостивар е направено од отворен канал кој воопшто не е дел од официјалната дозвола за водоснабдување Директорката на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), Ивана Гиновска на ...
Пред судија на претходна постапка беа изведени вршителката на должност директорка на ЈП „Комуналец“ - Гостивар, Артана Асани, техничкиот раководител Леон Мезини и раководителот на Одделението за водовод, канализација и градежни работи, Вадедин Даути.
Дивиот приклучок поставен на гостиварскиот водоснабдителен систем не се наоѓал во заштитните санитарни зони, туку на околу 800 до 900 метри од последната точка опфатена со дозволата што ја имал Комуналец – Гостивар.