Во Лапидариумот на НУ Музеј – Куманово ќе се одржи промоција на новата збирка раскази „Ништо нормално“ од авторката Симона Јованоска. Делото веќе привлекува внимание кај читателите со својот стил и современи теми.
Во Лапидариумот на НУ Музеј во Куманово, утре (11 јуни) со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на збирката раскази „Ништо нормално“ од македонската писателка Симона Јованоска , во издание на Или-Или .