Луѓе останаа заробени во трговски центар во Јапонија откако земјотрес со јачина од 7,1 степени ја погоди земјата денеска, предизвикувајќи предупредувања за цунами. Земјотресот, почувствуван на длабочина од 10 километри на островот Кјушу, достигна највисоко ниво на јапонската ...
Неколку лица беа повредени, згради се урнаа, пожари, беа пријавени прекини во снабдувањето со електрична енергија, а инфраструктурата беше оштетена по силниот земјотрес со јачина од 7,1 степени што го погоди југозападниот дел на Јапонија.
Регионалната електроенергетска компанија „Кјушу Електрик Пауер“ соопшти дека не открила никакви неправилности во работењето на нуклеарните централи Сендај и Генкај, но земјотресот предизвикал прекин во електроснабдувањето поради што околу 45.000 домаќинства се без струја.