Дамјан Спасовски ја оствари последната желба на неговата мајка Дијана - да ја предаде нејзината колекција од 1.000 книги во рацете на сите љубители на пишаниот збор.
Љубителите на книгата оваа сабота ќе имаат можност бесплатно да изберат дело од богатата лична колекција на Дијана, жена која зад себе остави значаен белег во заедницата преку својата хуманост, добрина и љубов кон луѓето и животните.