Пред 133 години, во една куќа во Солун, шестмина интелектуалци се собрале со идеја која во тоа време била опасна дури и да се изговори гласно – Македонија да добие политичка слобода и право сама да одлучува за својата иднина. Немале држава, војска или институции зад себе.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. „Почитувани сограѓани, Партизаните и ние, нивните потомци, не случајно се повикуваме на Илинденското востание и на комититите.
Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.