На Клиниката за инфективни болести во изминатото деноноќие е хоспитализирано уште едно 76-годишно лице кај кое е потврдено воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, како и позитивна серологија за вирусот Западен Нил, пренесе МИА.
Епидемиолошката состојба во Гостивар бележи благо намалување на вкупниот број пациенти кои побарале медицинска помош, додека здравствените власти регистрираа нов сомнителен случај на Западнонилска треска, соопшти Министерството за здравство.
Вечер - Национално - Нова Македонија - ПРВ.мк - Вечер
Министерството за здравство ја оценува епидемиолошката состојба во Гостивар како стабилна и континуирано ја следи. Од 4.684 луѓе кои побарале здравствен преглед досега, 1.061 е заведен со пријава за заразна болест, а на 738 луѓе им се изработени епидемиолошки анкети.
Министерството за здравство соопшти дека нема нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска. Според информациите од Институтот за јавно здравје, последните примероци од суспектните случаи биле негативни на ПЦР-тестирањето.