Водата од валандовскиот водовод не смее да се користи за пиење и подготовка на храна, откако анализите покажале зголемено присуство на арсен. Измерени се 14 микрограми на литар, околу 40 отсто над максимално дозволената вредност од 10 микрограми.
Додека Гостивар се соочува со најголемата катастрофа со водата за пиење, денес е потврден уште еден случај со неисправна вода. ЈП „Комунален сервис“ – Валандово информираше дека во водата од градскиот водовод во Валандово има зголемено ниво на арсен.
Во коментари под објавата на комуналното претпријатие на социјалните мрежи, граѓани прашуваат колку време пијат вода со арсен и зошто не е наведена концентрацијата Водата од градскиот водовод во Валандово содржи зголемено ниво на арсен, соопшти тамошното јавно претпријатие ...
ЈП „Комунален сервис“ – Валандово ја известува јавноста дека, согласно добиените резултати од извршените анализи од Институтот за јавно здравје – Скопје, во водата за пиење од градскиот водовод во Валандово е утврдено зголемено ниво на арсен.