TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ништо од нов лунапарк догодина, Град Скопје уште во август го раскинал договорот

Слободен Печат - пред: 19 часа

Долгоочекуваниот лунапарк сепак нема да биде изграден до крајот на следната година, како што најавуваше скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски – Град Скопје, според информациите објавени на веб-страницата на Бирото за јавни набавки, уште на 17 август го раскинал договорот ...

Раскинат е договорот за луна-паркот – урнатите дискотеки го нагрдуваат просторот

Независен - пред: 21 часа

Град Скопје неодамна влезе во процес на изградба на нов луна-парк, кој, според најавите на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, треба да биде поврзан со зоолошката градина и да биде готов до крајот на следната 2027 година.

(ВИДЕО+ФОТО) Раскинат е договорот за луна-паркот: Како изгледа локацијата каде беа планирани 16 нови реквизити?

Фокус - пред: 22 часа

Договорот тежок 10 милиони евра за изградба на нов забавен парк во Скопје, кој, според официјалните најави, треба да биде готов до крајот на следната 2027 година, е раскинат, покажуваат информациите објавени на Бирото за јавни набавки.

Раскинат договорот од 10 милиони евра за скопскиот Луна-парк

Трн - пред: 19 часа

Договорот предвидувал 16 нови реквизити и уредување на просторот. Причините за раскинувањето не се објаснети, а градоначалникот најавуваше завршување до крајот на 2027 година. Раскинат е договорот за Луна-паркот во Скопје, вреден 621 милион денари, односно околу 10 милиони евра.

Ништо од долгоочекуваниот лунапарк – Град Скопје го раскинал договорот вреден 10 милиони евра

24Инфо - пред: 18 часа

Изградбата на долгоочекуваниот лунапарк во Скопје повторно се соочува со неизвесност, откако Град Скопје го раскинал договорот вреден околу 10 милиони евра за набавка и монтажа на 16 нови забавни реквизити. Ова го објави „ Фокус “, повикувајќи се на податоци од Бирото за јавни ...

Скопјани повторно остануваат без Луна парк-Раскинат договорот од 10 милиони евра, Ѓорѓиевски ветуваше отворање во 2027 година

Рацин - пред: 17 часа

Договорот за изградба на новиот Луна парк во Скопје, вреден околу 10 милиони евра, е раскинат уште во август годинава, открива неделникот „Фокус“, повикувајќи се на податоци од Бирото за јавни набавки. Иако градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најавуваше дека Скопје до крајот на 2027 ...

Пропадна договорот од 10 милиони евра за Луна паркот во Скопје – неизвесно кога ќе почне изградбата

Фактор - пред: 2 часа

Изградбата на долгоочекуваниот Забавен парк во Скопје повторно е доведена во прашање, откако Град Скопје го раскинал договорот вреден околу 10 милиони евра за изградба и опремување на новиот забавен парк. Според информациите што ги објави неделникот „Фокус“, повикувајќи се на ...