TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

МЗТ се израдува по тренерската смена – „Металците“ го прекинаа црниот низ против Пелистер

Слободен Печат - пред: 3 часа

МЗТ Скопје конечно им се врати на победите, откако во салата „Јане Сандански“ го совлада Пелистер со 74-60 во натпревар од домашната Суперлига. „Металците“ одиграа сигурен дуел и ставија крај на серијата од четири последователни порази во сите натпреварувања.

МЗТ реагираше и го доби Пелистер во „Јане Сандански“

Дерби - пред: 3 часа

МЗТ Скопје влезе во серија на слаби резултати во претходниот период, а тоа донесе промена на тренерската позиција, заминување на Васко Атанасов. Актуелниот шампион допрва треба да го реши ова прашање, но денеска клубот од Аеродром воден од Дејан Србиновски и Тино Даневски успеа ...

МЗТ Скопје Аеродром му покажа на Пелистер кој е шампион

Спортманија - пред: 3 часа

По неочекуваниот пораз на гостувањето кај Струмица, по што следуваше и смена на тренерот Васко Атанасов, МЗТ Скопје Аеродром брзо се врати во победнички ритам. Во дербито од петото коло, аеродромци на свој терен во „Јане Сандански“ славеа против зелено-белите со 74:60.

Битолчани поразени во првиот меч во „Јане“: МЗТ Скопје А. им се врати на победите

SportSport - пред: 3 часа

Шампионот МЗТ Скопје А. на најдобар можен начин се врати на победничките патеки по заминувањето на тренерот Васко Атанасов. На попладневното дерби во „Јане- Сандански“, „штрковите“ остварија победа над битолскиот состав со 74-60.

Пораз на Пелистер од Битола од МЗТ на гостувањето во Скопје

Битола Њуз - пред: 56 мин

МЗТ Скопје – Пелистер 74:60 Кошаркарите на Пелистер во натпреварот од петтото коло, се поразени од МЗТ Скопје со 74:60. „Металците“ уште во првата четвртина најавија дека бодовите ќе останат во СЦ „Јане Сандански“.

Уште една скопско – битолска пресметка во СЦ „Јане Сандански“

SportSport - пред: 7 часа

Денеска во СЦ „Јане Сандански“ покрај ракометното „Ел Класико“ помеѓу Вардар и Пелистер, ќе има уште една скопско – битолска пресметка. Овој пат во рамките на кошаркарската Супер-лига, МЗТ Скопје ќе го пречека Пелистер, мечот е закажан со почеток во 14 часот.

Двете суперлигашки екипи од Битола играа дерби во Скопје, ракометарите кај Вардар, кошаркарите кај МЗТ

Битола Њуз - пред: 8 часа

Денес се закажани две суперлигашки дерби натпревари на битолските екипи во Скопје и двете во салата “Јане Сандански“ во Скопје. Кошаркарите на КК Пелистер ќе играат дерби натпревар против тимот на МЗТ Скопје со почеток во 14 часот, а попладне во 17,45 во истата сала ќе се игра ...

МЗТ Скопје преку Пелистер се врати на победничките патеки, Лука Стојановски блесна во Аеродром

Спорт+ - пред: 3 часа

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром славеа сигурна победа над Пелистер со 74-60 во дербито од петтото коло во македонската Суперлига. Актуелниот шампион успешно ја надмина резултатската криза по неочекуваниот пораз од Струмица и неуспехот на европската сцена.