Поевтинувањето на храната последниот месец ги ублажи трошоците, додека цигарите, алкохолот и рекреацијата забележаа најголем скок. Трошоците за живот во јули годинава се зголемиле за 2,3 проценти во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Нема потреба од нови мерки за зауздување на цените на храната- категорични се од Министерството за економија, откако Државниот завод за статистика излезе со податок дека годишната инфлација во јули е 2,3 проценти во однос на јули лани, а 0,1 процент во однос на претходниот месец.
Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, јули 2026 година Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0.1 % Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули 2026 година, во однос на јуни 2026 година, изнесува 0.1 %.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оцени дека најновите податоци за инфлацијата се потврда дека економските политики што ги спроведува Владата даваат резултати и придонесуваат за стабилизирање на економските текови.