Кога сме под стрес, последно на што обично мислиме е дали тој ден сме внеле доволно магнезиум, витамин Ц или омега-3 масни киселини. Почесто посегнуваме по кафе, нешто слатко или храна што ни дава барем кратка утеха.
Хроничниот стрес и неповолните животни услови можат да предизвикаат скриени структурни промени на срцето. Новото обемно истражување покажа дека ваквото прикриено воспаление значително го зголемува ризикот од сериозни срцеви заболувања.