Владата ја продолжи мерката за намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за дизелот од 18 на 10 проценти, како и мерката за намалување на акцизата за горивата, до 2 ноември 2026 година. -Продолжуваме внимателно да ги следиме состојбите на меѓународните пазари и да ...
Владата ја продолжи мерката за намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за дизелот од 18 на 10 проценти, како и мерката за намалување на акцизата за горивата, до 2 ноември 2026 година, објави на Фејсбук министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Од полноќ дизелот додава гас кон стотката, а бензините возат во рикверц. Со поскапување од два денара, литар дизел ќе чини 99 денари и ќе биде поскап и од двата бензина. Тие поевтинуваат за два и пол денари, па 95-ката ќе се точи за 96, а 98-ката за 98 денари за литар.