„Зошто, што ми фали сам, си ‘рчам на раат... Што ќе ѝ ‘рчам на некоја госпожа, па да ме удри со нешто по глава и да не се разбудам повеќе?“, шеговито вели камионџијата Андруш на тема зошто не ја бара вистинската.
„Се разбудив во костозглобна болница, ги молев да ми дадат вода, а не сум смеел да пијам вода, бидејќи било за операција. Имав 11 скршени ребра, ногата ми е цела титаниум полна, левата, главата ми е шиена и оттогаш ми се смени сè.
Единаесет скршени ребра и нога полна со титаниум, се последиците од тешката сообраќајка која ја имал Андруш Ангелковски , македонски камионџија од ресенскиот крај кој живее во Америка. Андруш стана познат на социјалните мрежи и низ Балканот како ...