Ова не е прва соработка меѓу Тарантино, Миног и режисерот Џејми Адамс. Американскиот филмски режисер, сценарист и продуцент Квентин Тарантино и поп ѕвездата Кајли Миног ќе се појават заедно во нов филмски проект ‘Tangled Up in Blue’.
Квентин Тарантино и Кајли Миног ќе глумат во нов филм заедно, објави „Вараети“. Станува збор за драмата „Tangled Up in Blue“, во режија на Британецот Џејми Адамс. Деталите за дејството не се познати, но Тарантино и Миног се видени на снимање во велшкиот град Порткол.