Нападите од украински беспилотни летала во текот на ноќта и денес во неколку руски региони загинаа најмалку осум лица, а меѓу погодените цели беше и магацинот на „Вајлдбери“, најголемата онлајн продавница во Русија, соопштија регионалните власти.
Во бран напади со дронови изведени утрово, Украина ја погоди воздухопловната база Енгелс-2, рафинериите во Саратов и Уфа, како и објект на компанијата „Вајлдберис“ во регионот Самара. По нападот врз магацинот на „Вајлдберис“ во Самара избувна голем пожар.
Руските воени сили извршија воздушни удари врз објекти на транспортната инфраструктура во пристаништата во Одеса и Николаев во Украина, а кои наводно ги користат украинските вооружени сили, соопшти руското Министерство за одбрана.