Најновата анкета на јавното мислење потврди дека новата партија ЕЛАС на поранешниот левичарски премиер Алексис Ципрас брзо стана најпопуларната опозициска партија во земјата, иако владејачките конзервативци сè уште уживаат двоцифрено водство.
Нова анкета на „Пулс“ покажува дека политичкиот пејзаж во Грција станал пофлуиден по формалното влегување на Алексис Ципрас и Марија Каристијану на предизборната сцена, пренесува грчки Катимерини.