Нелегалното паркирање, блокираните тротоари и опасното возење со електрични велосипеди ги натераа британските власти да подготват нови правила за нивно изнајмување и користење. Најголемите проблеми се забележани во Лондон, каде што секоја општина во моментов има различни прописи.
Електричните велосипеди и тротинети требаше да ги направат градовите почисти, побрзи и попрактични за движење. Но, нивното масовно користење отвори нов проблем: тротоари претворени во паркинзи, отежнато движење на пешаците и зголемен ризик за најранливите учесници во сообраќајот.