И зраелските власти истражуваат дали еден од пилотите на авионот на „Флајдубаи“, што денеска принудно слета во Саудиска Арабија, се обидел да го урне авионот додека летал кон Тел Авив, објавија израелските медиуми. Ова досега не е официјално потврдено.
Активираниот код за незаконско мешање првично бил протолкуван како можно киднапирање, по што Израел кренал борбени авиони и свикал итни безбедносни консултации. Лет со 174 патници на Флајдубаи од Дубаи кон Тел Авив се претворил во безбедносна тревога откако авионот прво испратил ...
Патнички авион на „Флајдубаи“, кој летал од Дубаи кон Тел Авив, предизвикал безбедносна тревога откако емитувал сигнали за итна состојба и можно киднапирање. Според Н12, израелски борбени авиони биле подигнати и упатени кон леталото.