Мицкоски, за обвинувањата на опозицијата дека го кочи евроинтегративниот пат со неотварањето, односно неприфаќањето на уставните измени, вели дека досега многупати го има изнесено свој став и, како што вели, „немам што да додадам на тоа што сум го кажал“.
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека евроинтегративниот процес треба да се продолжи преку разговори и изнаоѓање решение, но истовремено нагласи дека условите со кои денес се соочува Македонија биле прифатени од претходната Влада.
Дали исполнетите реформи ќе бидат пресудни за следните чекори кон Европската Унија? Ова прашање се отвора во пресрет на најавената посета на Урсула фон дер Лајен, откако во медиумите се појавија информации дека Македонија би можела да остане надвор од групата кандидати за кои се ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарско прашање кажа дека повеќе е загрижен за иднината на ЕУ, отколку за тоа дека Македонија веќе и не се спомнува ни за преговори, ни за патокази за членство, какви што ќе добијат Албанија, Црна Гора, Украина и Молдавија.
Со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која в петок доаѓа во Скопје како дел од нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан, ќе се разговара за актуелната состојба околу процесот на проширување и за предизвиците што се случија и тие што претстојат, ...