Не постои намирница која преку ноќ може да доведе до слабеење, но одредени видови храна можат да имаат позитивна улога во метаболизмот и да ги поддржат природните процеси со кои организмот ја користи енергијата и ги согорува масните наслаги.
На патот кон губење на тежината, не е важна само количината на храна што ја јадеме. Одредени намирници и пијалоци може да изгледаат како удобен или здрав избор, но тие содржат многу повеќе калории отколку што очекуваме и не нè заситуваат доволно долго.