Времето утре ќе биде многу топло, па Управата за хидрометеоролошки работи ја стави целата држава во портокалова фаза. Според нивната прогноза утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.
За време на викендот и во текот на следната седмица ќе се задржи сончево и многу топло време со појава на мала до умерена облачност во текот на денот. Во попладневните часови ќе има појава на локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и ретки грмежи. Фото/Unsplash
Македонија ја очекува многу топол августовски викенд, со температури до 36-37 степени во повеќе градови. Сабота ќе биде претежно сончева, но во делови од западните, североисточните и планинските региони ќе има услови за локален дожд и грмежи.
Сончево и многу топло време со температури до 39 степени, а во наредните денови во делови од земјата живата во термометарот ќе достигне и до 40 степени. Македонија ја очекува уште еден исклучително топол ден, со температури кои на повеќе места ќе се доближат до 40 степени.