Поради високата опасност од избувнување и ширење шумски пожари, во одредени шумски подрачја на Халкидики и денес, 16 август, е во сила целосна забрана за движење на пешаци и возила. Забраната стапила во сила во 8 часот утрово и ќе трае до 8 часот во понеделник, 17 август.
Грција се подготвува за нов ден со исклучително висок ризик од шумски пожари, поради што за недела е прогласено црвено предупредување во повеќе делови од земјата. Предупредувањето од четврти степен, кој означува многу висок ризик од пожари, е издадено за Атика, вклучително и ...
112 во Грција може да биде најважната порака што ќе ја добиете на телефонот додека сте на одмор. Ако на екранот се појави предупредување придружено со силен, карактеристичен аларм, не го исклучувајте автоматски и не претпоставувајте дека станува збор само за општо известување.