Повеќе физички напади, закани и пресметки се случиле вчера, меѓу кои и случај во Шуто Оризари, каде што деца биле повредени со остар предмет. Полицијата постапувала по пријави за напади во Центар, Карпош, Драчево, Ѓорче Петров, Амзабегово и кај Бит-пазар.
Од Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ – Скопје вчера било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет бил донесен 12-годишник од Скопје, а повредите му ги нанел друг малолетник, на подрачјето на Шуто Оризари.
Црната статистика на меѓуврсничко насилство во главниот град секојдневно се зголемува, откако два одделни инциденти со употреба на ладно оружје ја вознемирија јавноста. Во текот на изминатиот период, две малолетни момчиња на возраст од 12 и 15 години се здобиле со повреди од нож ...
Полицијата работи на расчистување на случај на физички напад врз малолетничка, кој бил пријавен во скопската населба Центар. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 2 јули околу 23:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека малолетна девојка била физички ...