Македонскиот фудбалски шампионат продолжува со третото коло, а денеска на програмата се два натпревари, во Кратово и во Кавадарци. Силекс на домашен терен го пречекува Скопје, кој сѐ уште е без бодови. Кратовци се големи фаворити на овој дуел.
Откако вчера Арсими со 1:0 славеше против Башкими на отворањето на 3.коло, денеска на програмата се два меча, Тиквеш – Шкендија Арачиново и Силекс – Скопје. По првите две кола Тиквеш е лидер со максимални 6 бода и гол разлика 10:1. Само Тиквеш и Шкендија се максмални.
Третото коло во Првата македонска фудбалска лига продолжува денеска со два натпревари – Тиквеш против Шкендија Арачиново и Силекс против Скопје. Најголемо внимание привлекува дуелот во Кавадарци, каде Тиквеш од 16:30 часот ќе се обиде да ја продолжи одличната серија и да стигне ...
Со денешниот натпревар меѓу Арсими и Башкими, што ќе се игра во Гостивар, ќе биде отворено 3.коло во Првата македонска фудбалска лига. Ова ќе биде натпревар на двете екипи кои досега примија најмногу голови; немаат освоено бод и се меѓу главните претенденти за испаѓање.