Премиерот Христијан Мицкоски ги коментираше бројките од најновите анкети , според кои тој и неговата партија се во убедливо водство пред опозицијата. „Тоа е лоша вест за оние кои што одлучија да водат политика со лаги, со клевети, со измислици, со навреди и така натаму.
Во нивната анкета стои 19,3 проценти. Од околу 32 на изборите, пад на 19. Зборуваат за убедливо водство, а бројките покажуваат пад на поддршката, велат од опозициската СДСМ. „41 процент нема да излезат, не знаат или не сакаат да одговорат. Тоа не е водство.
Големи се разликите во рејтинзите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ и на нивните лидери Христијан Мицкоски и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата Маркет вижн во периодот од 11 – 27 септември на примерок од 1.200 испитаници.